РАМКА ЗА ИНТЕГРИРАНА ОЦЕНКА НА AMEC

ДОБРОДОЈДОВТЕ

Добредојдовте во центарот за ресурси на новата рамка за интегрирана оценка на AMEC. Оваа нова посебна секција на веб-сајтот на AMEC е составена за да одговори на најчестите предизвици и притисоци со кои се соочуваат комуникаторите во денешно време обидувајќи се да ја докажат својата вредност во медиумската сфера која брзо се развива.

Голем број од методите за оценка и техниките кои индустријата ги земаше здраво за готово долги години веќе не се доволни. Како што организациските силоси се стеснуваат, се бара од ПР професионалците да работат со сите форми на медиуми и да употребуваат и да ги мерат овие нови канали и тактики. Работата мора да опфати платени, стекнати, споделени и медиумите во сопственост. За да бидеме ефикасни во нашата работа, ние сега мора да планираме и да ја мериме нашата комуникација на вистински интегриран начин.

За да се докаже вредноста на комуникацијата во време на одговорност од витално значење е да се оди подалеку од мерење само на содржинската (или „медиумската“) анализа што во голема мера беше доволно во претходните 20 години. Сега професионалците по комуникации мора да го демонстрираат ефектот што нивната работа го имала врз целите на нивните организации.

Новата Рамка за интегрирана оценка на AMEC покажува како да се стори тоа.

Интерактивниот елемент на рамката за интегрирана оценка ќе ве води низ процесот од усогласување на целите до создавање план, поставување цели, а потоа и мерење на резултатите, нус-појавите, излезните параметри и влијанието на вашата работа.

На секој чекор од процесот се даваат дополнителни информации и се укажува на потенцијални пристапи и метрика кои би можеле да бидат соодветни.

  • Тоа не може да биде целосна листа и не ви ги дава бројките како готови.
  • Се уште ќе треба сами да ги најдете податоците како влез во алатката.
  • Она што го прави е обезбедува конзистентен пристап за да ви овозможи да планирате и мерите на соодветен начин.

Рамката за интегрирана оценка на AMEC обезбедува доследен и уверлив пристап кој функционира за организации од сите големини, но може да биде прилагоден на многу специфични случаи и цели. Секој може да го користи, бесплатен е и некомерцијален, дозволувајќи и на било каква организација, било да е тоа Универзитет, внатрешен оддел, ПР агенција, или компанија за мерења да има корист од пристапот.

Рамката за интегрирана оценка ги заменува двете претходни рамки на AMEC за метрика и социјални медиуми. Индустријата сега има единствен интегриран пристап кон предизвиците на мерењето на денешницата.

Оваа нова рамка покажува како да се „операционализираат“принципите од Барселона и покажува како да се преобразат принципите во акција, и конечно да ја докажат вредноста на нашата работа.

Во прилог на рамката, овој сајт има голем број статии и дополнителни ресурси за да се оживеат мерењата. Ова вклучува „таксономија“ на оценка кој ги наведува и објаснува клучните чекори што се бараат за секој чекор од процесот, како и метриката и важните достигнувања и методите кои треба да се земат во предвид.

Благодарност до професорот Jim Macnamara од University of Technology Sydney за создавање на овој вреден ресурс и за споделувањето со заедницата AMEC.

Новата рамка е резултат на напорна работа од страна на многу луѓе и искрено им се заблагодарувам на сите.

Richard Bagnall

Richard Bagnall

АМЕК Чаир

JOIN THE CONVERSATION

Вовед во новата интерактивна алатка

Добредојдовте на новата рамка за интегрирана оценка! Повеќе од шест години AMEC се залага за подобар начин на мерење комуникации со својата рамка за интегрирана оценка. Оваа рамка им помогна на многу агенции и клиенти во подобрувањето над нивните мерења и оценки. Но, потребно беше да ја направиме полесна за користење, интуитивна и ангажирачка.

Работна група која опфати агенција, внатрешни ресурси, истражување на пазарот и академската заедница ја разви новата интерактивна рамка за интегрирана оценка.

Сакавме да направиме нешто преку кое корисниците ќе спроведуваат јасни мерења. Важно е дека сакавме да најдеме механизам кој ќе помогне мерење со повисок квалитет да биде присутно во индустријата.

Новата интерактивна алатка

Ја создадовме во формат на полиња за јасен и постепен процес. Секое поле е нумерирано за да знаете каде се наоѓате во процесот. Патувањето почнува од целите на организацијата и комуникациските цели па се до бизнис влијанието.

Кога ќе кликнете на секое поле, добивате простор да го пополните со вашата работа. За да ви помогне, секое поле има икона (i), која дава поп-ап со дополнителни информации и објаснување на делот. Исто така, поп-апот има линк до мерната таксономија – што ви даваат дури и повеќе информации за тоа какви видови мерења да вклучите.

Па, како да го користите?

Giles Peddy

Управител на Група UK, LEWIS

Lewis gets great benefit by putting each of its clients squarely at the heart of the Integrated Evaluation Framework. We urge you to do the same.

Image use courtesy of Lewis.

ЦЕЛИ

Како и сите добри мерења, треба да почне со јасни организациски цели. Можат да се појават во многу различни форми, без разлика дали се работи за свесност, застапување, усвојување или побарувачка. Комуникациските цели се следни. Тие треба да ги отсликуваат и да се огледало на организациските цели. Запомнете, разликата меѓу цел и крајна цел е што влијанието на целта може да се измери (на пример, 20% зголемување на свесноста за брендот), за разлика од крајна цел, која означува стремеж (на пример, да се зголеми свесноста за брендот).

излези

Во излези, ова ги опфаќа основните мерки низ PESO. Така на пример, колкав бил дофатот на платената реклама, колку посетители имало на веб страната, колку постови, твитови или ретвитови, колку луѓе присуствувале на настанот и колку имало потенцијални читатели на медиумското покривање. Ова се квантитативни и квалитативни мерки на излезите.

ВЛЕЗОВИ

Овој дел опфаќа две важни области. Прво, да се дефинира целната публика на кампањата. Второ, се дефинира стратешки план и други влезни информации, како што се описи на некои од анализите на состојбата, потребни ресурси и буџети.

АКТИВНОСТИ

Овој дел опишува кои активности биле спроведени, секое тестирање или истражување, производство на содржина и др. Важно е што алатка ја признава важноста на платено, заработено, споделено и во сопственост (PESO) и им дава на корисниците можност соодветно да тагнуваат.

НУСПОЈАВИ

Во нуспојави, ова се однесува на одговорот и реакциите на вашата целна публика на активноста. Колку внимавале на содржината, колкав бил нивниот степен на потсетување, колку е добро разбрана темата, дали публиката имале интеракција со содржината или дали публиката се претплатила на повеќе информации.

ИСХОДИ

Во исходи, се мери ефектот на комуникациите врз целната публика. Дали разбирањето на целната публика се зголемило, дали го промениле ставот кон темата, дали се зголемила довербата и/или вкусот, дали имало влијание на намерата да се направи нешто (на пример, пробно тестирање, претплата, регистрација) или зголемено онлајн застапување.

ВЛИЈАНИЕ

Оваа последна точка е местото каде се оценува влијанието врз организациските цели. Тука, алатката се обидува да опфати подобрување на угледот, подобри или воспоставени односи, зголемување на продажба или донации, промени во политиките или подобрена општествена промена. Ова е јасен показател на деловните резултати и линк до организациските цели.

Сега што? Откако ќе завршите, кликнете на копчето ПОДНЕСИ и можете да ја конвертирате вашата работа во PDF за да ја споделите или да ја употребите на состаноци или презентации. Ако сакате да се вратите и да ИЗМЕНИТЕ, кликнете на црвеното копче на врвот за да ги направите измените. Потоа повторно кликнете на ПОДНЕСИ. Зачувајте го PDF документот на вашиот компјутер.

Copyright © 2026 AMEC. All Rights Reserved. All Trademarks Acknowledged.